Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над оној кое што ќе го кандидира, како што вели, деспотот Заев заедно со СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија.
Мицкоски ова го изјави пред подрачната единица на Министерството за правда во Општина Карпош каде дојде да се потпише на кандидатурата на Силјановска, која за неколку часа ги собра потребните 10.000 потписи за кандидатурата.
Во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од неговата партија изјави дека осудениците од Диво Насеље од затворот му слугуваат на премиерот Зоран Заев со цел да бидат пуштени на слобода или да добијат помала казна.