Тежок инцидент вечерва во Ресен, четири лица избодени со нож– итно префрлени во болница
Четири лица се тешко повредени во вечерашната физичка пресметка која се случи во Ресен пред една кафана, пишува ТВ21.
Со две возила на Итната медицинска помош од Ресен се префрлени четири лица во Клиничкиот центар во Битола каде се хоспитализирани.
Тројца од повредените имаат убоди од нож, а еден е префрлен на неврохирургија и има повреди на главата.
Сите четири лица се албански државјани.