Денеска во 00:50 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки, управувано од А. К. (26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река. Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П. Ј. (25) од Скопје, А. М. (21) од Куманово и Х. И. (20) од Скопје.
Како што информира МВР, со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П. Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември” во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.