Непрофитната организација Корпорацијата за доделени имиња и броеви (ИЦАНН), која е задолжена за одржување на базите на податоци и обезбедување стабилно и сигурно работење на интернетот, предупреди на појава на досега не видени кибер напади врз „клучни делови” на интернет инфраструктурата и апелираше на посериозна заштита.
ИЦАНН соопшти дека има „постојан и значителен ризик” за безбедноста на клучните делови на интернет инфраструктурата, кои се однесуваат на домејн адресите во целиот свет.
Според организацијата, нападот се состои од „неовластени промени на адресите и имињата на домејните од адреси на машини контролирани од напаѓачите”.
– Тие ја напаѓаат самата интернет инфраструктура. И во минатото имаше слични напади, но ништо од тоа не беше слично на ова што се случува сега, изјави главниот технички директор на ИЦАНН, Дејвид Конрад.
Тој не посочи од каде доаѓаат кибер нападите врз интернет инфраструктурата.