Ласковска: Има список кои пратеници се следни за симнување имунитет
Има список кои пратеници се следни за симнување имунитет, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласковска на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања, каде се расправа по барањето на судот за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кој е осомничен за настаните од крвавиот четврток.
„Уапсете не, не се мачете, симнете ни го имунитетот на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, не правете шаради“, рече Ласковска и посочи дека пратеници чуле како пратеник од власта пред две недели рекол – ‘Трајко ќе си лежи’. Ласковска праша од каде тој знал и кои се вистинските организатори на настаните од 27 април.
Претседателот на комисијата Павле Богоевски рече дека ставовите се нереални и нема колективно одземање на имунитет, ниту пак одземање имунитет предвремено и со лично барање.