Поранешен американски амбасадор во земјава поставен на важна позиција за диплмоматијата на САД

Искусниот американски дипломат, Филип Рикер, ќе го замени Вес Мичел на функцијата шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања, почнувајќи од 18-ти март, пренесува грчки „Катимерини“.

Рикер беше амбасадор на САД во Република Македонија од 2008 до 2011 година, назначен од администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

Тој беше и заменик помошник секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања во периодот од 2011 до 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави