Тетовец пронашол рачен ракетен фрлач, покрај локалниот пат за селото Селце, на место викано Црн камен.
МВР соопшти дека полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ.
Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.