Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, тврди дека пријавата на околу 40 Срби за да станат косовски војници сведочи за тоа оти им доаѓа крајот на уценувањата и инструментализацијата на косовските Срби од страна на Белград, објави РТК2 на српски јазик, а пренесе агенцијата „Танјуг“.
Се наведува дека Харадинај потенцирал оти тоа е јасен знак за интеграција и доверба во Косовските безбедносни сили (КБС), како и дека постои волја кај српската заедница да се интегрира во косовските структури.