Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна состојба. Доколку тоа се случи, за изгласување на резолуцијата ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома.
Трамп пред новинарите подвлече и дека неговата одлука за задржување на помал број на американски сили во Сирија не е противречена со изјавата од декември во која вети повлекување на 2.000 војници кои служат во земјата.
Што се однесува до американските сили во Јужна Кореја, Трамп изјави дека нивното намалување нема да биде една од темите на претстојните разговори со севернокорејскиот лидер, Ким-Џонг ун.