Група мигранти тргнаа денеска од Бихаќ кон Сараево каде ќе бидат сместени во кампот Ушивак.
Во Министерството за внатрешни работи на Сараево велат дека се е подготвено за нивниот прием, пренесуваат медиумите во земјата.
„Синоќа бевме известени дека стотина мигранти ќе бидат префрлени во Сараево. Тие утрово во 9.30 часот тргнаа кон главниот град на Босна и Херцеговина и ќе бидат сместени во кампот Ушивак“, рече портпаролката на министерството.