Пол Џорџ повторно покажа дека дефинитивно треба да биде меѓу претендентите за наградата МВП на сезоната во НБА, откако нанижа 45 поени и ја донесе победата на Оклахома Сити над Јута со 148:147 по 2 продолженија.
Крилото погоди на тежок начин на помалку од секунда пред крајот, обезбедувајќи го триумфот. Обидот на Кајл Корвер со сирената од другата страна пак не беше прецизен.
Расел Вестбрук помогна со 43 поени, 15 скока и 8 асистенции за успехот на „громовите”, кои го подобрија балансот на тимот до 38-20. „Џезерите” водеа со 10 поени на помалку од 9 минути пред крајот на последната четвртина и на 7:27 до последниот судиски сигнал.
Домаќините сепак успеаја да изедначат по 7 последователни поени, а потоа Јута на два пати поведуваше, но Вестбрук и Грант повторно го држеа тимот во игра. На крајот на првото продолжение Џорџ и Донован Мичел пропуштија клучни удари пред, во второто, ОКС сепак да запише победа.
Останати резултати:
Шарлот – Вашингтон 123:110
Индијана – Њу Орлеанс 126:111
Орландо – Чикаго 109: 110
Торонто – Сан Антонио 120: 117
Атланта – Детроит 122:125
Њујорк – Минесота 104:115
Мемфис – ЛА Клиперс 106:112
Далас – Денвер 104:114.