Траектот „Ригел 1″, што сообраќа на релација Бари-Драч, во кој имало 280 патници, останал три часа на отворено море, поради дефект.
Дополнителна вознемреност кај патниците предизвикало и немирното море.
Капетанот Талант Алка попладнево изјави дека се појавил проблем во контролната табла, што условило блокирање на траектот рано изутринава околу 3 часот.
– Со крајни напори рачно успеав да запалам еден од моторите, по што траектот доби електрична енергија и тоа малку ги смири патниците кои беа во паника. Останавме три часа на отворено море, се додека не се оладија моторите, за да се интервенира во поправање на дефектот во контролниот систем, изјави Алка, додавајќо дека во прилог не им одела ни временската состојба.
Припадници на италијанската крајбрежна стража биле превентивно подготвени да интервенираат доколку траектот почнел да тоне.
Околу 6 часот, по санирање на дефектот, траектот тргнал кон Драч, каде стигнал нешто по 16 часот.