Две лица загинаа денеска при уривање на мал авион на околу 100 километри северно од шпанскиот главен град Мадрид.
Службата за вонредни состојби на регионот Кастиља-Леон, на чија територија се урнал авионот, соопшти дека двете загинати лица се наоѓале во леталото.
Причините за падот на авионот засега не се познати.