„Западниот Балкан во Европската Унија: Добри соседи денес, добри членки утре?” е темата за дебата на тркалезната маса која е во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ), Меѓународен центар за обука – CIFE и Австро-францускиот центар за зближување во Европа (CFA/ÖFZ). бк/
Како што информираат организаторите, на дебатата ќе се отвори простор за интерактивна дискусија помеѓу експертите од ЕУ и од шесте земји од Западниот Балкан од една страна, со студенти, истражувачи и граѓани од другата страна. Тркалезната маса е дел од иницијативата „Форум за размислување за Западен Балкан”, проект што започна во 2015 година
Отворена за медиуми ќе биде само првата сесија, односно излагањата на амбасадорите на Австрија, Ренате Коблер и Франција, Христијан Тимоние, директорката на ЕПИ Симонида Кацарска и директорот на ГИЗ, Давид Оберхубер.