Сите повредени во вчерашниот инцидент во Ресен се четворица државјани на Албанија, информираше МВР.
-На 23.02.2019 година околу 21 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во ресторан на улица Јосиф Јосифовски настанала физичка пресметка меѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои работеле во Ресен, велат од МВР.
Според полицијата, во еден момент четворицата излегле надвор пред објектот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина. Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот. На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.