Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа не прими гол на денешниот натпревар од 27. коло во првенството на Англија против Ливерпул.
Мечот заврши 0:0, за Шпанецот ова беше 100. Натпревар со „сува” мрежа во Премиер лигата.
Де Геа е само седмиот голман во историјата на Премиер лигата кој на сто натпревари не бил совладан.
Воедно, Де Геа е вториот чувар на мрежата без примен гол на 100 меча. Првиот беше легендарниот Данец, Петер Шмајхел.