Американскиот претседател Доналд Трамп и комедијата за Шерлок Холмс ги добија „наградите” за најлошите филмски остварувања во изминатата година.
„Холмс и Вотсон”, во кој глумат Вил Ферел и Џон Рајли, е најголем „победник”, со освоени четири Златни малини, вклучувајќи ги и оние за Најлош филм и Најлош римејк.
Златната малина е „награда” која се доделува за најлошите филмски остварувања, а беше воведена во 1980 година како спротивност на Оскарот.
Трамп ја освои Златната Малина за најлош актер за „улогата” во два документарни филма: „Смртта на нацијата“ и „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур.