Најмалку 15 повредени при невреме во Мостар

Најмалку 15 лица побарале медицинска помош во босанскиот град Мостар, откако се здобиле со повреди за време на невремето проследно со силен ветер, што дувал со брзина од 80 до 100 километри на час.

Како што соопшти Федералната управа за цивилна заптита, силниот ветер носел покриви, оштетувал фасади на станбени објекти, кршел и корнел дрва и превртил неколку камиони, блокирајќи повеќе улици и околни патишта во Мостар и предизвикувајќи значитечна материјлана штета.

Силниот ветер туркал и столбови на електричната мрежа, поради што неколку делови на Мостар повеќе часови останале без струја.

Мостарската Противпожарна служба информираше дека на повик на граѓаните имала 16 интервенции, при кои нејзините припадници помагале во остранување на последиците од невремето.

Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина соопшти дека и во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат силни веторови во Херцеговина и во југозападна Босна.

Треба да знаете
Последни објави