Ширум Европа почна тримесечната кампања пред изборите за Европскиот парламент во мај, која опфаќа 27 земји и речиси половина милијарда луѓе.
Дел од западните медиуми коментираат дека оваа година може да биде пресвртница во пост-воената европска политика, при што некои традиционални политички сили ќе станат слаби, додека екстремистичките, популистички партии би можеле да добијат повеќе влијание и да се вклучат во машинеријата на ЕУ.
Во следниот состав, Европскиот парламент ќе има 705 места, бидејќи Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во март и нема учествува на изборите закажани од 23 до 26 мај.
Експертите предвидуваат дека групата на десниот центар „Европската Народна Партија” (ЕПП) и Демохристијаните ќе останат најголема партија пред социјалистите од левиот центар.