По 200 евра казна: Фатени 36 возачи како не плаќаат патарина, меѓу нив 9 полицајци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт во петокот од 15 до 18 часот на дел од наплатните станици извршил контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.

-Од извршената контрола констатирано е дека 31 возачи постапиле спротивно на Законот, од кои деветмина возачи се вработени во МВР, 22 возачи на возила се граѓански лица кои одбегнале плаќање на патарина, за што од страна на Државниот инпекторат за транспорт им се изречени глоби во висина од 200 евра. Против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави