Ќе ги користам сите демократски средства на водење на изборна кампања, порача кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, која имаше свое обраќање на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Силјаноска Давкова имаше можност да ги презентира своите идеи и гледишта во пресрет на претстојните претседателски избори.
Во своето обраќање посочи дека на државата веднаш и се потребни промени, како и владеење на правото и демократијата, кои во моментов се нарушени од страна на власта. Силјаноска потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот, законите и враќање на правната држава.
За својата кампања истакна дека ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.