Европската агенција за безбедност во сообраќајот предложи сите нови автомобили што ќе се продаваат на територијата на Европската унија да бидат опремени со ограничувачи на брзината.
Пратениците на Европскиот парламент го усвоија овој предлог и новата мерка треба да стапи во сила во рок од три години.
Уредите за ограничување на брзината, наречени „Intelligent Speed Assistance” (Интелигентни помошници за брзина) користат софтвер за препознавање на сообраќајните знаци, како и ГПС податоци за да ја одредат максималната дозволена брзина на одреден дел од патот, а потоа автоматски ја ограничува моќноста и брзината на моторот на возилото, со што се спречува прекорачување на брзината.
Европската агенција за за безбедност во сообраќајот проценува дека овие уреди ќе го намалат бројот на сообраќајни несреќи за 30 отсто и ќе спасат 25.000 животи во првите 15 години од почетокот на примената.