Таксист нападнат од патник кој не сакал да плати

Педесет и петгодишен такси возач утрово бил нападнат од страна на скопјанец кој бил во алкохолизирана состојба.

Според пријавата, патникот се качил на улицата „Народен Фронт“ и рекол дека нема да плати, па го удрил таксиметарот. Кога таксистот му кажал да излезе бил физички нападнат.

По документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави