Уапсени двојниците на Трамп и Ким

Виетнамските власти ги привеле на испитување Расел Вајт и Хауард Екс, имитатори на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Двајцата тврдат дека 15 полицајци ги испитувале речиси три часа и дека ги предупредиле да престанат со имитација, пренесе „Индипендент“.

Тие изминатите неколку дена шетаа по улиците на Ханој, разговараа со медиуми и се фотографираа со граѓаните.

„Полицијата и имиграциските служби ни сугерираа да не се појавуваме во јавност и да не имитираме, поради наша безбедност, бидејќи Трамп и Ким имаат голем број непријатели“ рекол Екс, чие вистинско име е Ли Хауард Хо Вун.

По распитот, кој траел два ипол часа,двајцата биле вратени во хотелот, кој не можат да го напуштат се додека властите не одлучат што да прават со нив.

Ким вчера тргна со воз кон Виетнам на средбата со Трамп. Самитот ќе се одржи на 27 и 28 февруари.

Треба да знаете
Последни објави