Светската шампионка во спуст, Илка Штухец повторно гоповреди коленото и тоа ќе ја остави надвор од трките во алпско скијање до крајот на сезоната. Словенката (28) доби слична повреда во октомври 2017 година, а вчера падна лошо во Кран-Монтана и тоа предизвика нова исклучително тешка повреда.
Дијагнозата во болницата, каде што беше прегледана Штухец, покажа скинати лигаменти, соопштија од словенечкиот тим.
Повредата во октомври 2017 година не само што ја спречи Штухец данастапува во трките за Светскиот куп, но ја спречија и да земе учество на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.