Најмалку четворица луѓе загинаа во судирите на границата меѓу Венецуела и Колумбија, а 285 луѓе се повредени, пренесуваат светските медиуми.
Немирите избија откако камиони со хуманитарна помош и десетина волонтери се обидоа да влезат во Венецуела од Бразил и Колумбија, со која претседателот Николас Мадуро ги прекина односите, а неговата војска употреби солзавец за да ги спречи.
Силите на Мадуро жестокот се судрија со оние кои се обидуваа да излезат од Венецуела во Колумбија.
Од 285 повредени во инцидентите, 37 се хоспитализирани, соопшти колумбискиот министер за надворешни работи
Меѓу убиените е и 14-годишно момче, објави невладина организација. Запалени се и повеќе камиони со хуманитарна помош.
Венецуелската војска со употреба на сила одговори на границата, кон приврзаниците на опозицискиот лидер Хуан Гваидо и кон волонтерите, кои настојуваа да ја внесат хуманитарната помош во земјата, која претседателот Мадуро ја одбива.
Мадуро кој не прифаќа да се откаже од власта и покрај протестите, тврди дека хуманитарната помош од Запад е само параван на САД, воено да интервенира против неговата земја. Тој во петокот нареди затворање на главните гранични премини со соседните држави.