Мајка пријавила дека нејзината малолетна ќерка и другарка на девојката биле малтретирани од момчињата со кои претходно биле во љубовна врска.
Двајцата, според пријавата, насилно ги внеле поранешните девојки во нивното возило, а со нив влегла уште една другарка.
„С.С. и Б.Р. барале од девојките да се смират односно да ги продолжат врските. Откако виделе дека нема да успеат во намерата да се смират, ги оставле девојките на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.