На Западен Балкан до крајот на овој век може да се очекува зголемен интензитет на непредвидливи поплави, суша и топлотен бран, што ќе има негативно влијание врз БДП во сите земји, на повеќе економски сектори и на животите и егзистенцијата на жителите, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.
„Светскиот извештај за ризик ја сместува Босна и Херцеговина во земја со висока изложеност на природни опасности. Климатските промени и високата изложеност на природни и вештачки опасности дополнително го отежнуваат социјално-економскиот развој на земјата“, се наведува во извештајот, пренесе новинската агенција „Танјуг“.
УНИЦЕФ наведува дека и покрај очигледните трендови за катастрофи не е преземен одговорен пристап кон управувањето со катастрофите предизвикани од климатските промени.