Вељаноски: Принципиелна одлука е што Собранието не ми го одзеде имунитетот

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил напиша дека тоа што Собранието не му го одзеде имунитетот е принципелна одлука.

„Собранието не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи“, пишува Вељаноски.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2341039952581802&id=760466610639152

Во меѓувреме, трајат меѓусебните обвинувања меѓу ДУИ и СДСМ кој е виновен зошто претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекинал седницата без да се гласа за одземање на имунитетот на Вељановски.

Треба да знаете
Последни објави