Вчерашните случувања во Собранието, кога беше прекината седницата на која требаше да гласа за одземање на имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, се удар врз надежите за правна држава и побара да се распишат вонредни избори, смета пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
-Сите бевме сведоци на театарот на ДУИ синоќа. На претседателот на Собранието на 27 април не му сметаше кога се избра за собраниски спикер, и зборуваше без микрофони. Синоќа јасно покажа дека е добар актер, и не е својствен да го држи имиџот на првиот претседател Албанец на Собранието. Тоа место не го заслужува. Со крв го платив неговиот избор за претседател. Владата нема повеќе морален крибилитет за да владее, бидејќи го имаат загубено најосновното, а тоа е правна држава. Ова што се случува е удар врз надежот за правна држава, рече Села.
Според него, ова вчера беше удар врз надежта за правна држава, а ова мнозинство кога треба да се амнестира криминал е заедно.
-Сведоци бевте за закон за амнестија. Ако има тронка морал да се прогласат вонредни избори, рече Села.
Според него, ,,ДУИ е партија од стариот режим, која е врска меѓу нов и стар режим и мотивите да го заштитат Трајко Вељаноски се многубројни, тие се многу фатени во корупција и криминал”. Села изрази сомнеж дека и ДУИ се замешани во организацијата на 27 април, потсетувајќи дека Али Ахмети дента не беше присутен, дека Џафери имал сознанија, како и тогашниот заменик министер на МВР, Агим Нухиу кој беше од редовите на ДУИ.