Трамп ги одложи зголемените царински тарифи за кинеските производи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека одлучил да ги одложи зголемените царински тарифи за кинеските производи поради продуктивните американско-кинески преговори за решавање на билатералните трговски спорови, пренесува ТАСС.

“Среќен сум што САД постигнаа значителен напредок во трговските разговори со Кина за важни структурни прашања, вклучувајќи ги заштитата на интелектуалната сопственост, трансферот на технологија, земјоделството, услугите, валутата и многу други прашања. Како резултат на овие продуктивни разговори, ќе го одложам зголемувањето на тарифите планирано за 1 март. Ако постигнеме дополнителен напредок, ќе планираме самит со претседателот Сји во Мар-а-Лаго, да склучиме договор. Одличен викенд за САД и Кина” напиша Трамп.

Секретарот за финансии на САД, Стивен Мнучин, претходно изјави дека трговските консултации меѓу Кина и САД, кои почнаа во Вашингтон на 19 февруари, беа продолжени до неделата.

На почетокот на декември 2018 година, Трамп и Сји Ѓинпинг на состанокот во Аргентина се согласија во рок од три месеци да преземат мерки за склучување трговски договор меѓу двете земји.

Американскиот претседател рече дека се согласил да не ги подигнува тарифите од 10 на 25 отсто за кинеските производи во висина од 200 милијарди долариод 1 јануари , како што претходно планирал.

Треба да знаете
Последни објави