Трамп: Северна Кореја може да биде голема светска сила без нуклеарно оружје

Северна Кореја може да стане една од големите светски економски сили ако се откаже од своето нуклеарно оружје, напиша на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп.Тој додаде дека севернокорејскиот народ има повеќе потенцијал за забрзан развој од кого било друг. Неговите коментари следат по изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Пјонгјанг останува нуклеарна закана.

Трамп по втор пат ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 27 и 28 вефруари во Ханој, Виетнам.

„Двајцата очекуваат продолжување на напредокот постигнат на првиот самит во Сингапур“ напиша Трамп.

Треба да знаете
Последни објави