Американски разорувач влезе во Одеса

Американски ракетен разорувач „Доналд Кук“ влезе во морското трговско пристаниште во Одеса, пренесе порталот „Думска“. Според информациите, бродот таму ќе остане до 27 февруари.

Разорувачот се наоѓа во црноморскиот регион од 19 февруари. Командата на американската воена морнарица соопшти дека „Доналд Кук“ спроведува операција за осигурување безбедност на море.

Екипажот на бродот веќе учествувал во воени вежби со турската фрегата „ТЦГ Фејт“. Слични маневри се планираат и со бродови на украинската воена морнарица.

Ова е втор пат за една година американски разорувач да влезе во Црното море. Кон крајот на јануари „Доналд Кук“ пет дена се наоѓаше во пристаништето Батуми во Грузија.

Руските бродови ја следат акцијата на американскиот брод.

Треба да знаете
Последни објави