Гваидо ја повика меѓународната заедница да ги разгледа сите опции

Опозицискиот лидер, Хуан Гваидо ја повика меѓународната заедница да ги разгледа сите опции за решавање на кризата во земјата.

Венецуелската војска претходно ја врати странската хуманитарна помош која стигна на границата, со употреба на солзавец, а на границата со Бразил настрадаа две лица.

„Последните настани ме натераа да донесам одлука формално да и предложам на меѓународната заедница дека мораме да ги имаме отворено сите опции за да осигураме слобода во нашата земја“, напиша Гваидо на „Твитер“.

Тој денеска во Богота ќе се соатане со американскиот потпретседател, Мајк Менс кој, како што се очекува, ќе ги соопшти конкретните чекори, пренесе „АП“.

Треба да знаете
Последни објави