Поранешен директор на средно училиште во Кратово заработил кривична пријава бидејќи си делел додтоци на платата, информира МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Т.Ј.(50) од Кратово за несовесно работење во службата. Во периодот од септември 2012 до септември 2017 пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, не побарал согласност од општина Кратово, односно не извршил усогласување со законските прописи, на правилникот за исплата на плати на вработени и надоместок на ангажирани лица и наставници во ученичкиот дом, кој е во склоп на наведеното училиште.
Исто така, не постапил по наодите и дадените препораки од ревизорскиот извештај, со што овозможил за себе, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 25 проценти. Во истиот период пријавениот овозможил за педагогот исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 10 проценти, а на благајникот во зголемен износ за 15 проценти, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 1.077.482 денари на штета на Буџетот.