Илјадници граѓани на протести во Романија побараа правда, а не корупција

Во неделата навечер во Букурешт илјадници граѓани протестираа против усвојувањето на итната регулатива за изменување на законите за судство.

Протести се одржаа низ целата земја, а главниот протест се одржа во Букурешт пред зградата на владата на плоштадот Викторија, пренесува романската интернет-страница, „Романија Инсајдер“.

Демонстрантите извикувале пароли за поддршка на поранешниот главен обвинител на Националната дирекција за борба против корупцијата, Лори Кодрути Ковеси и судиите кои ги отфрлија амандманите на законите за судство.

Демонстрантите носеле транспаренти против лидерот на владејачката ПСД, Ливију Драгнеа и владата, објави романскиот портал „Хотњус“.

Според проценките, меѓу 8.000 и 10.000 граѓани учествувале на протестите во Букурешт, а се наведува дека синоќешните протести биле помали од протестите во 2017 година, кога е започната реформата на судството.

Треба да знаете
Последни објави