Кинеската нафтена компанија ЦНООЦ откри огромно наоѓалиште на висококвалитетна нафта во Бохајското Море, како и резерви на природен гас кои надминуваат 100 милијарди кубни метри.
Ова е најголемо наоѓалиште на нафта и гас во Бохајскиот Залив кое е откриено во последните 50 години, а би можеле да го користат милиони граѓани во текот на стотици години, пренесува „Чајна дејли“.
Бохајскиот Залив е втора по големина база за производство на нафта во Кина, а откриените резерви во последните 50 години главно биле поврзани со пронаоѓање сирова нафта. Досега имало само неколку откритија на природен гас поради геолошката структура.
По експлоатацијата, природниот гас директно би можел да се транспортира на пазарот преку постоечките гасоводи.