Кој е мажот за кој зборува цел свет по вчерашните Оскари?

Се појави на доделувањето на Оскарите во смокинг-фустан и ги засени сите на црвениот тепих.

 

Били Портер ја одушеви јавноста со неговиот стајлинг на синоќешното доделување на наградите Оскар – дојде облечен во класичен смокинг што преминува во свечена тоалета, кршејќи ги сите табуа и норми на „машката“ и „женската“ мода.

Ако не сте слушнале за него досега, Били Портер (49) е театарски актер, пејач и ТВ-ѕвезда.

Се прослави на Бродвеј, а добитник е на престижната театарска улога Тони, како и на Греми награда за најдобар албум од мјузикл.

Стајлингот на Портер за синоќешната свеченост го потпишува Сем Пател. Станува збор за креација на Кристијан Сиријано и накит на Оскар Хејман.

Светските медиуми се одушевени од Портер, кој е актуелен со улогата во ТВ-серијата „Pose“, а неговиот стајлинг ја разбранува и пошироката јавност.

Треба да знаете
Последни објави