Проектите „Саќе за учество на национални младински организации” на ЦИД Куманово, „Јутокраси” на „Еко Логик” од Скопје и „Охрабрување на младите да преземат акција (онлајн курс)” на „Младиинфо” од Скопје, кои се финансиски поддржани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а избрани од Комисијата на партнерството од национални агенции, ги презентираа моделите на проектите на Конференцијата за најдобри практики во Европа што се одржа во Берлин.
Од најуспешните проекти-12 беа презентирани во пленарната сала, меѓу кои и проектот на „Младиинфо” Скопје. Претставникот Марјан Ицкоски, исто така, одржа и работилница за следење на резултатите и секција за прашања од присутните.
Во периодот од 20-22 февруари во Берлин беа претставени 60 проекти од Европа, финансирани преку националните агенции за Еразмус+.
Во делегацијата од Македонија беа двајца претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Милена Петрушевска и Јовица Митевски, советникот за млади и спорт на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев и претставници од организациите ЦИД Куманово, Мила Јосифовска, „Еко Логик”, Никола Нешкоски и „Младиинфо”, Марјан Ицкоски, беа дел од Првата конференција за иновации во младинската работа за проекти спроведени преку програмата Еразмус+.
Според учесниците, македонската делегација добила позитивни коментари и пофалби од присутните и организаторите за квалитетните проекти, со кои значително придонела за подобрување на младинската работа во иновациите на европско ниво.