Макрон ја поздрави одлуката на Трамп да зачува дел од американските трупи во Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја „поздрави” одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита својата идеја за целосно повлекување на американскиот контингент, распореден во Сирија, и за зачувување на околу 200 војници, јави дописникот на МИА.

– По одлуката на САД, можам само да му честитам за таквиот избор, изјави шефот на француската држава на прес конференција во Елисејската палата, заедно со неговиот ирачки колега, Барам Салех.

– Тоа се совпаѓа со потребата да останеме со Сириските демократски сили и оние кои на теренот работеле во борбата против Исламска држава, додаде Макрон.

Тој оцени дека американската одлука е добра, нагласувајќи дека „неговата земја ќе продолжи во рамки на коалицијата да дејствува во регионот”.

Треба да знаете
Последни објави