„Мирор“: Албанската мафија го презеде британскиот пазар за кокаин

Албанската мафија ја презеде контролата над пазарот за кокаин во Велика Британија,пишува британски „Мирор“ и додава дека вредноста на празарот се проценува на пет милијарди фунти.

Весникот пишува дека мафијата полека го презела пазарот во Брутанија, откако голем број Албанци се преселиле во Велика Британија по падот на комунизмот во Албанија во 1990 година.

Како што се наведува, сега криминалци го контролираат речиси целиот пазар во Велика Британија со кокаин, кој е најевтин од 1990 година.

До преземањето на пазарот дошло на тој начин што албанската мафија ги отфрлила посредниците и почнала директно да комуницира со колумбиските картели, што овозможило пониски цени и поголема чистота на кокаинот на пазарот.

Поради тоа, Велика Британија сега се соочува со најголем број на млади корисници на кокаин во Европа, пишува „Мирор“.

Весникот наведе дека бандата „Хелбаниак“ имала дури и свој профил на „Инстаграм“, на кој имала 115.000 следбеници, а бил затворен во ноември минатата година.

Портпаролот на Националната агенција за криминал изјавил за весникот дека албнаксите криминални групи имаат големо влијание врз останатите криминални организации во Велика Британија и пристап до пазарот на наркотици, пред се на кокаинот, а поврзани се и со групи за трговија со луѓе

Треба да знаете
Последни објави