На денот на автобуската несреќа кај Ласкарци, Центарот за управување со кризи покажа целосна неспособност да ја менаџирира катастрофата, рече на денешната прес-конференција, Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Деновите поминуваат, но трагедијата од Ласкарци во која загинаа 15 лица не може да се заборави, истакна тој.
Како што посочи Николов, на тој ден целата јавност била сведок на нефункционалноста на сите надлежни инситуции што треба да се справат со итни и кризни состојби и катастрофи.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги повика премиерот, директорот на Центарот за управување со кризи како и министерот за здравство да одговорат на повеќе прашања меѓу кои и: Зошто не се активирал Планот за постапување при итни, кризни состојби и катастрофи; Зошто не бил формиран кризен штаб; Зошто околу местото на несреќата не се обезбедил периметар, Kој и зошто одлучил повеќето од повредените или вкупно 35 да бидат однесени во ГОБ 8-ми Септември…
Николов рече и дека лекарите и медицинските работници направиле максимум во рамки на можностите да дадат помош на повредените, но, како што кажа, неорганизираноста во Министерството за здравствио, неорганизираноста во Центарот за управување со кризи, како и лошата координација на институциите го сториле своето.
Притоа претставниокот на опозициската партија ги повикува премиерот, министерот за здравство и директорот на ЦУК да понесат одговорност и да поднесат неодповикливи оставки.