Памела Андерсон бара помош од Путин за заштита на китовите

Холивудската актерка, Памела Андерсон, до рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо во кој бара ослободување на китови – орки и белуги, заробени во близина на местото Нахотка во регионот Приморски крај.

Андерсон, кој исто така е член на Советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за благосостојба на животните (IFAW), писмото го објави и на официјалната интернет-страница на фондацијата со нејзиното име, пренесе агенцијата „Тасс“.

Во писмото, таа го замолува Путин да нареди ослободување на големите морски цицачи.

„Ви пишувам во врска со 11 орка и 87 белуга китови кои во моментов се заробени во близина на Нахотка. Сакам да и се заблагодарам на руската влада што презема важни чекори во спречувањето на меѓународна продажба на овие китови. Разбирам дека владата презела иницијатива да ги ослободи овие вечичествени суштества и да ги врати во нивната природна животна средина, во водитена рускиот далечен исток“, пишува Андерсон.

Таа исто така изразува надеж дека руската влада, во соработка со екологистите и меѓународните експерти, ќе развие професионален план за враќање на орките и белугите во нивното природно живеалиште.

Претходно беше објавено дека 11 орки биле незаконски фатени поради продажба во Кина и биле чувани во посебен центар во Нахотка, заедно со околу 90 белуга китови.

Како што се наведува во случајот е покрената кривина пријава за нелегален лов, а пред три дена Путин им нареди на надлежните министерства да одлучат за судбината на китовите до 1 март.

Треба да знаете
Последни објави