Американските разузнавачки служби се вратиле на идејата за прашањата во однос на сајбер безбедноста, со Русија да се консултират преку каналот познат како „црвен телефон“ или „жешка линија“, пишува весникот „Дејли бист“, повикувајќи се на неименувани американски функционери.
Како што се објаснува, оваа „жешка линија“ постои уште од 2013 година, а воведена е како инструмент за дијалог во случај на криза во сајбер-просторот каде е компликувано да се утврди идентитетот на напаѓачите, но линијата досега била искористена само еднаш, во пресрет на претседателските избори во САД.
„Овој канал за комуникација ни дојде на ум бидејќи се почеста е потребата за решавање на проблеми за кои ќе бидеме сигурни дека Русија ја добила нашата порака. Оваа е варијанта што може да се користи кога ќе сфатиме дека ниту еден друг канал не функционира. Засега не гледаме дека Русија има намера да се откаже од своето влијание и да престане да се меша“, изјавил еден од изворите, а пренесува весникот.
Сепак, руските медиуми потсетуваат дека Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи на САД претходно соопштиле дека не постојат факти за да се докаже дека странски влади влијаат врз исходот на изборите во САД.
Тие, исто така, навеле дека многу тесно соработуваат со федералните и регионалните власти за да се осигура безбедноста што ќе биде витално за следните претседателски избори, кои треба да се одржат во 2020 година.