САД побараа утре да биде свикана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за ситуацијата во Венецуела, откако силите на претседателот Николас Мадуро ги спречија конвоите со странска хуманитарна помош да влезат во земјат.
Вашингтон врши притисок од 15-члениот Совет формално да повика на слободни и фер претседателски избори во Венецуела, во присуство на меѓународни набљудувачи, што ја поттикна Русија да предложи поинаков нацрт-резолуција. Во таква ситуација не е јасно дали и кога некој од предлог-резолуциите може да се стави на гласање во Советот за безбедност.