Фудбалерите на Челси вчера беа поразени во финалето од Карабао купот од Манчестер Сити после изведувањето на пеналите.
Сари одлучи во 119-та минута да го повлече голманот Кепа од игра и на негово место да влезе Кабаљеро, меѓутоа голманот одби да го напушти теренот, по што Сари целосно полуде покрај аут линијата.
Сепак, набрзо после натпреварот, се огласи Сари кој што порача дека станувало збор за недоразбирање.
„Тоа беше големо недоразбирање. Мислев дека е Кепа повреден, па одлучив во игра да го внесам Кабаљеро. Сето тоа беше погрешно протолкувано, јас сфатив што се случува откако докторот дојде до клупата. Разговарав со Кепа и ја разјаснивме работата. Мислев дека Кепа не е подготвен да ги брани пеналите, но тоа не било така и Кепа беше во право“, изјави Сари.