Уапсен дилер на кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Д.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, спречување и докажување и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Полицијата во средата на улицата Александар Македонски во Прилеп дале знак за запирање на автомобил што го управувал Д.Д., но тој продолжил со движење и од возилото исфрлил кокаин. Набргу потоа застанал и се дал во бегство, но бил фатен и лишен од слобода.

Утредента бил извршен претрес во неговиот дом каде биле пронајден кокаин и вага со остатоци од кокаин.

Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Треба да знаете
Последни објави