Грција постојано бара да биде катализатор и мост во евро-арапскиот дијалог, изјави грчкиот премиер, Алексис Ципрас во говор на првиот самит на Еврпоската Унија и Арапслата лига во Шарм ел Шеик, пренесе „АНА-МПА“.
Ципрас рече дека Грција е земја со силни историски, културни, економски и религиски врски со арапскиот свет. Земја која заедно со Кипар се наоѓа помеѓу Европа и Блискиот исток. Грција ги има искусено последиците од кризата во безбедноста и миграциите, но истовремено ги идентификуваше и големите можности кои се отвораат во областа на транспортот, економијата, туризмот и реструктуирањето на енергетската мапа.
Грчкиот премиер ја нагласи потребата за проширување на евро-арапската соработка, истакнувајќи дека грчките односи мораат да бидат повеќеслојни.