Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја објави дека го признале Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Гуаидо кој е претседател на Националното собрание и главен опозоционер на оспоруваниот претседател Николас Мадуро, се прогласи за претседател на земјата кон крајот од јануари.
Тој беше признат од САД и многу европски и латиноамерикански држави, но не и од Русија, Кина и Мексико, кои продолжуваат да го поддржуваат Мадуро. Тој ја презеде функцијата во 2013 година по смртта на Уго Чавез.Во јануари, положи заклетва за вториот мандат по изборите во мај 2018 година, кои беа нарушени со бојкот на опозицијата и широко распространети обвинувања за местење гласови.