Американскиот сенатор Марко Рубио објави на својот профил на Твитер фотографија одбруталното убиство на либискиот лидер Моамер Гадафи како суптилна закана кон венецуелскиот претседател Николас Мадуро за веднаш потоа да стане цел на жестоко критики на социјалната мрежа во кои беше оценет како манијакален поттикнуваќ на војна со исклучително лош вкус, пренесува РТ.
Двете фотографии – едната го покажува Гадафи додека се уште беше на власт, а другата гопокажува либискиот лидер измачуван неколку минути пред неговото брутално убиство – беаобјавени на профилот на Рубио без никаков коментар.
Сепак, со оглед на неговите отворени повици за вооружено востание во латиноамериканската земја за отстранување на претседателот Мадуро, пораката беше повеќе од јасна.
Отворената закана кон лидер на странска земја со брутална смрт во рацете на милитантите поддржани од САД, очигледно беше премногу: иако неколку корисници на Твитер ја поддржаа визијата на Рубио за смртта на Мадуро, мнозинството жестоко го искритикува сенаторот поради екстремниот недостиг од тактичност и пристојност.
Мнпгумина тврдеа дека секој профил што пропагира воени злосторства на такво нивонајверојатно ќе беше суспендиран ако не му припаѓаше на американски сенатор.
„Марко Рубио објави насилна, графичка закана со смрт. Ако некој од од нас го објавеше ова, профилот ќе му беше суспендиран”, напиша новинарот Бил Палмер.
Многумина истакнаа дека Либија не е најдобриот пример за тоа како САД ја носи демократијата во странство, туку веројатно најлошиот. Со раатечката трговија со робови таму, земјата е де факто поделена на неколку завојувани државички, со банди вооружени “демократи” кои се борат за превласт и контрола.
Покрај фотографиите на Гадафи, Рубио објави сличен пример со Мануел Нориега – де факто владетелот на Панама во 1980-тите. Нориега, своевремено вредниот „агент“ на ЦИА кој му помогна на Вашингтон во вооружувањето на Контрашите на Никарагва, беше соборен за време на американската инвазија на земјата.
Непотребно е да се каже дека инвазијата предизвика многу човечки жртви, а Нориега го помина остатокот од својот живот во затвор.